Битолчани вечерва се на Баирот во црквата Архангел Михаил, палат свеќи за здравје

Црквата Св Архангел Михаил е манастирска црква која се наоѓа во битолскиот Баир над Кркардаш, во месноста Раштански Лозја, во Битола. Во близина на овој манастир е Црквата 40 маченици, како и меѓуградскиот патен правец М5 кој ја поврзува Битола со Охрид.

Според локалните жители, ова манастирче постои веќе четириесет години Во овој битолски манастир се прославува празникот познат како “зимски Арангел” како и Прочка. Вечерва битолчани се таму палат свеќи за здравје и го слават архангелот