НОВИ ГЛАВОБОЛКИ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Немаат каде да ја потрошат платата покачена за 2000 денари

Премиерот поради презафатеност не можеше да го прими признанието, но се заблагодари телефонски и преку СМС

Кога мислевме дека проблемите врват се појавија нови главоболки за македонските граѓани. Како што соопштуваат од СДСМ просечната плата е покачена за 2000 денари, а тоа најтешко им падна на граѓаните кои немаат каде да ја потрошат таа висока плата.

„Дома се грееме на пари веќе. Не знаеме што да им правиме. Подобро така отколку глувците да ги јадат, нив ги нахранивме со специјална храна за глувци од Холандија“ вели еден револтиран граѓанин кој не е сам во овие маки.

Коледарски оган во Виница

И други граѓани се со истите проблеми. На крајот на месецот им остануваат повеќе пари и им е страв парите да не ги расипат. Многумина од нив ги фрлаат, донираат за гладните во Германија, Шведска, Австрија и Норвешка, но сепак замолуваат владата да ги намали платите затоа што им создаваат големи проблеми.

Фчерашни новости