За преглед на Ортопедија се чека и по два месеца. Ако закажете денес, ќе ве прегледаат дури во јануари догодина

За преглед на Ортопедија се чека и по два месеца. Ако закажете денес , ќе ве прегледаат дури во втората половина на јануари догодина. Сите други термини се веќе зафатени и слободно место за преглед – нема.

Во моментов, најмалку 30 пациенти од регионот имаат потреба од отропедски преглед, но во Штип нема слободен термин кај ниту еден од ортопедите.

Ортопеедските болести, не се ниту така ретки ниту наиви. Што може да се случи доколку пациент има потреба од преглед, но нема термин:

„Последиците можеме само да ги претпоставиме. Некогаш може да ни дојде пациент  кој може да има некоја пукнатина која ние нема да ја сфатиме веднаш како пукнатина и да чекаме. Со чекањето се влошува клиничката слика. Веднаш по повредата можеби нема да са јави оток и изразени болки, но и кај овие повреди има крварења , болката се зголемува, едноставно пациентот страда“, објасни  д-р Лазо Киров, специјалист по ортопедија.

Од Штипската клиничка болница се категорични дека сите итни и неодолжни пациенти се примаат и третираат во истиот момент. Проблем е кај хроничните пациенти кои кора да чекаат на мој термин  многу долго, зашто одделението и амбулантите се преполни:

„Амбулантски на Ортопедија бројот на прегледи на месечно ниво се движи околу 400. Во октомври биле прегледани 430 пациенти, додека во ноември, заклучно со денес 362-ца. На одделението , во октомври се лекувале 82-ца пациенти, а за ноември 50“, истакна  Марина Шуманска , портпарол на Клиничка болница – Штип.

Инаку, Одделението за ортопедија во Штипската болница е од регионален карактер и овде гравитираат пациенти од целиот источен регион.