Пред Министерство за финансии од ВМРО – ДПМНЕ беа оставани пантолони со празни џепови

Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ денеска пред министерството за финансии со свои соработници, оставија панталони со искинати и празни џебови, кои според Ѓорѓиев ја симболизира сиромаштијата на граѓаните.

„Народот е со празни џебови. За тоа е најзаслужна владата. Ременот дополнително се стега. Сега се предвидува и зголемување на даноците. Зголемувањето на даноци значи ставање на раката на државата во џебот на граѓаните.

Црно време за црна сиромаштија, а младите и граѓаните со празни џебови.

Затоа денес симболично оставаме пред министерството за арач и финансии стари панталони со празни и искинати џебови, како порака дека народот е без пари, младите се без егзистенција, а зголемувањето на даноците ќе ја направи државата уште посиромашна а иднината на сите  уште по црна.

Токму ваков е, празен и искинат е џебот на граѓанинот, со зголемување на даноците ќе биде пробиено дното. Владата треба да се свести дека народот гладува и живее црн живот. Вклучен е алармот, затоа ги повикуваме сите млади да го кренат гласот и да ни се приклучат во протестите на ВМРО-ДПМНЕ, против зголемувањето на даноците, против сиромаштијата, против неисполнетите ветувања против ова црно време.“, изјави Ѓорѓиев.