AПЕЛ ОД МПЦ ДО ВЕРНИЦИТЕ: Не донирајте повеќе масло, чорапи и крпи, а масло за џипови може

Македонската православна црква откако влезе во бизнисот со недвижнини, купувајќи парцела каде што треба да се градат 60 катници, апелира до граѓаните да престанат со донирање и оставање на олтар на масло, чорапи, крпи и слични ситници.

„Во овие тешки времиња нема да помогнат само масло за јадње, масло за џиповите можете уште да донирате, чорапи и крпи. Во овие мигови најпотребно е да донирате покуќнина, бела техника, теписони и слични работи за опремување на станови. Се разбира, нови“ стои во соопштението на МПЦ.

Тие нагласуваат дека градежни материјали не им се потребни

Од Синодот велат дека веќе се спрема листа на богоугодни производители на бела техника од кои граѓаните ќе можат да донираат додека другите донации ќе завршат онаму каде што е најпотребно. Во продавница во замена за кеш.

извор Фчерашни новости