Секој викенд низ градовите, секоја среда пред Владата – ќе бараме ОСТАВКА, рече Мицкоски на протестот

Со извици „Оставка“ и „избори“ пред Владата на Република Македонија започна масовниот протест на ВМРО-ДПМНЕ. На неколкуте илјади граѓани, главно од Скопје, кои се одзвале на повикот на ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодари лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Мицкоски ги нарече насобраните најхрабри.

-Во благодарам што се одзвавте на повикот на ВМРО-ДПМНЕ, вам, на најхрабрите, сите вие кои ги трпите притисоците на оваа криминална влада, знам дека сте со нас и дека го поддрржувате секој наш чекор, секоја наша политика за да го спасиме она што остана од оваа земја. Одиме секој викенд низ градовите и секоја среда пред владата. Нашиот ревот е демократски, со мирни протести ќе им покажеме како се сака татковината. Излеговме и за националното понижување, но и за економските планови, зашто македонија е се посиромашна. Ќе се обединиме сите заедно за да ја урнеме оваа империјална власт. Зошто ни е вмремео – времето ни е важно за да можеме поорганизирани, посплотени, без автобуси да се собереме овде на ова плато

Мицкоски потсети дека пред две години Заев ветуваше дека ќе ја тргне оградата од Владата, но таа се уште е тука.
-Се плашите ли од народот, праша Мицкоски.