(ВИДЕО) Заев рече дека ќе ја предложел Канческа Милеска за јавен обвинител?

Едно просто пратеничко прашање го извади од такт премиерот Зоран Заев.

Прашањето што го измести од баланс премиерот го постави пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ – го повика да не се плаши и да излезе на ТВ дуел со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

А тогаш Заев кажа и што требаше, и што не смееше, но моравме да го чуеме, зашто и онака никој не поверува дека е поинаку, пишува Република.

-Со лидерот ваш кога ќе сум излезел на дуел?! Кога ќе заземе став. Нека заземе став, викаше од говорницата Зоран Заев.

-И кога ќе дадам предлог на опозицијата, како што е во програмата, по две години за јавен обвинител, да, ќе ѝ дадам на Бети Канчевска, ќе им дадам на оние што имаат одлуки да носат овде и презедоа одговорност, рече Заев, несвесно откривајќи дека најверојатно во преговорите кои се одвиваа тој понудил и високи државни функции.

Заев ќе ја правел Канческа јавен обвинител

Публикувахте от infomax.mk в Четвъртък, 29 ноември 2018 г.