ДЕТСКАТА СИРОМАШТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА РАСТЕ

Над 22 проценти од вкупниот број на населението во Македонија е сиромашно, а детската сиромаштија е близу до 30 проценти, соопшти Билјана Дуковска, претседателка на Здружението „Платформа против сиромаштија“ на денешната работилница во Струмица.

 

Taa додаде дека степенот на сиромаштија во Македонија секоја година е се повисок.

-Не се бележи стагнација или пад. Се посиромашни се семејствата кои имаат  деца, а детската сиромаштија е во пораст во изминатата година и за жал имаме луѓе кои се повеќе се на работ на сиромаштијата и тешко излегуваат од неа, рече Дуковска.

Според Соња Таневска, помошник претставник на Фондот за население при Обединетите нации, серијата работилници низ државата има за цел да разговара со населението, невладиниот сектор и претставници на локалната самоуправа за одржлив развој.

-Нам цел ни е да се обезбедат подобри податоци за населението за да можат да се разберат причините за сиромаштијата, нееднаквоста или тоа што значи нееднаков развој на целото општество, рече Таневска.