Паѓаат температурите, Битола -1 а Делчево е најладно -7

Продолжува трендот на ниски температури во вечерните часови, а според најновите податоци, вечерва најладно е во третиот најисточен град во државата, Делчево.

Најисточен град, според географската должина е Пехчево, на 22°53’20” источно од Гринич. По него е Берово, кој е само 2′ или 2,5 km позападно од Пехчево. Трет најисточен град е Делчево кој лежи на 22°46’30” и е за 10 km позападно од Пехчево. Струмица пак, е дури 20 km западно од Пехчево и е 4-ти најисточен град во Македонија.

Во Делчево во овој момент е седум степени под нулата (-7), а ништо помалку ладно не е ниту во Берово (-6), на трето место е главниот град Скопје со температура од (-5) степени.