СКАНДАЛ: И ОБВИНИТЕЛСТВО БИЛО НЕЛЕГАЛНО ПРИСЛУШУВАНО

Републичкиот Јавен обвинител, Љубомир Јовески, информираше за скандал со нелегално прислушување во Обвинителството.
Обвинителот Јовески најави истрага за тоа: кој и со која цел ги снимал сите телефонски повици кои оделе преку телефонска централа на Обвинителството. Тој ќе потврди дека нелегалното снимање започнало на 30. септември 2016 година и се прислушувале сите фиксни броеви во ЈОРМ.
Обвинтелот Јовески ќе појасни дека, во просторијата, каде што бил вграден системот на фиксната телефонија биле пронајдени два хард диска на кои се снимале телефонските разговори, се до пред некој ден.
„Ќе се истражува дали и во претходниот период, пред да се пресели Обвинителството во новата зграда, исто така биле снимани разговорите“, вели Јовески и потсетува дека обвинителите во новиот објект влегоа во 2013 година.
Истрагата која е веќе отворена треба да покаже дали снименото веќе било ископирано или е избришано.