Студено, со температура до седум степени

Времето во Македонија ќе биде сончево, на одделни места променливо облачно, но стабилно и суво.

Утринската температура ќе се движи од минус осум до минус еден, а дневната од два до седум степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе достигне до пет степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно и суво време. Утринските температури на повеќето места ќе бидат под нулата, додека дневните ќе бидат во постепен пораст, особено од недела. Од сабота по котлините и речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност.