Унгарија ја одби екстрадицијата на Груевски

Кабинетот на Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, барањето на европскиот парламент за екстрадиција на Груевски во Македонија, го нарече мешање во внатрешните работи. Европскиот парламент не е доволно информиран за екстрадицијата и азилот на екс премиерот на Македонија, Никола Груевски, изјави во интервју за Унгарската телевизија, државниот секретар во кабинетот на Орбан, Золтан Ковач.