Заев: Без глас и поддршка од Грција за амандманите, тие нема да стапат во сила

Конечно ќе имаме членка во светот која ќе ја поддржат сите држави. Во овие 27 години ништо не се направи во Македонија, имам шанса сега за тоа, да се учи македонскиот јазик, да ги тргнеме границите, за сите што се чувствуваат македонци било каде и да живеат Србија, Бугарија, Грција и други земји. Е тоа е Европа, истакна на денешната седница за уставните амандмани во Собранието, премиерот Зоран Заев.

Заев потврди дека ако не се изгласа и поддржи кај Грција ова што се гласа кај нас, нема да стапи во сила, и како што кажа, „Тоа е нашата одлука за која сме едногласни и веќе ја кажавме јавно тука во Парламентот.“

За мнозинството поддршка на уставните амандмани, Заев истакна дека пратениците се тие кои можат да ја донесат оваа одлука, тие со својот глас може да го поддржат ставот.

„Граѓаните бараа став, сакавме да им дадеме шанса на граѓаните да се искажат и тие, иако парламентот може да го одлучи ова.“, рече Заев.

Извор: ТВ21