ИСКЛУЧЕНИТЕ ПРАТЕНИЦИ ДА НЕ ГО КОРИСТАТ ИМЕТО ВМРО-ДПМНЕ, ПОБАРА МИЦЕВСКИ

На денешната седница за Уставните промени, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ побара исклучените пратеници од опозицијата да не го користат името ВМРО-ДПМНЕ.

Мицевски реагираше процедурално и побара од Собранието да се тргне името ВМРО ДПМНЕ од името на независноста пратеничка група. -Бараме да ги ословувате пратеници те како независни а да не се користи името на партијата од која се исклучени, рече Мицевски.