Стапува во сила од денес, влез во БиХ само со лична карта

– Во сила стапува Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина, за условите за патување на државјаните на двете земји, која беше потпишана од страна на двајцата министри за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Игор Црнадак на 12 март, 2018 година, се вели во соопштението од МНР.