УМС ВМРО – ДПМНЕ Битола:Направивме инпровизирани хранилки за животните, не ги тепајте и тие имаат душа

УМС ВМРО ДПМНЕ Битола

Поради преголемата појава на отруени кучиња скитници, ние младите, од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола, дојдовме до идеја да направиме инпровизирани хранилки кои ќе бидат поставени на неколку места во градскиот парк со што ќе придонесиме за намалување на оваа лоша практика и навика.

Ги повикуваме сите битолчани, а и надлежните служби, да се грижат за овие хранилки, да не ги отстрануваат и доколку се во можност во истите да донираат храна, како би се избегнале понатамошни труења на животните.


Исто така, апелираме до сите здруженија за заштита на животните и младински организации, да ни се приддружат и тие да изработат неколку вакви хранилки со што би ги зголемиле пунктовите за храна на животните.

Ние од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола, ги замолуваме сите битолчани да се грижат за животните, да не ги трујат, мачат и тепаат бидејќи и тие имаат душа.