Што ќе направите ако некој навистина ви се допаѓа?Кој глуми повеќе мажите или жените?

Кога ќе запознаете некој кој навистина ви се допаѓа, почнувате да мислите само на тоа

Но, сепак ова не важи за сите, а има разлика и дали се работи за реакција на девојките или мажите.

Па така, девојките реагираат слично кога ќе запознаат момче што им се допаѓа, а момците пак имаат други реакции кога ќе ја запознаат девојката од соништата.

Што прават мажите, а што жените кога некој многу им се допаѓа?

Жени – веднаш им кажуваат на другарките

Мажи – чекаат да видат што ќе испадне, па тогаш им кажуваат на другарите

Жени – ги бришат апликациите за онлајн запознавање заради лоши спомени

Мажи – ги бришат апликациите за онлајн запознавање за таа да не ги види

Жени – се согласуваат на состаноци кои не им се омилени… како планинарење

Мажи – се согласуваат да гледаат здодевни романтични комедии

Жени – го планираат следниот состанок по неколку дена за да не бидат нападни

Мажи – глумат малку ладни за да не бидат нападни

Жени – го канат дома на филм

Мажи – ја канат дома да ѝ готват

Жени – се обидуваат да носат различна облека на секое гледање

Мажи – ја носат облеката во која се чувствуваат најудобно

Жени – почнуваат да си ја планираат иднината и да фантазираат

Мажи – го живеат моментот

Жени – се трудат да смислат забавни идеи за состаноци иако најмногу сакаат да останат дома

Мажи – се надева дека нема да измислува фенси состаноци и скапи вечери

М. М. | Црнобело