Ангелов до Младеновски: Ти благодарам што ја кажа вистината за 27 април

Ти благодарам што собра храброст пред сиот македонски народ да ја кажеш вистината. Иако е малку задоцнето сепак благодарам, рече обвинетиот Горанчо Ангелов, по сведочењето на обвинетиот Стефан Младеновски, во кое изнесе голем број информации за 27 април и начинот на кој УБК ја вршело организацијата.

-Ќе се сложите со мене дека ние “идиотите” од патриотските здруженија сме искористени од партија, од УБК, од сите буквално, Ангелов го запраша Младеновски.

На ова Младеновски одговори: “Дека сте кретени е заклучок на Нинџа, сигурен сум дека сте злоупотребени од Нинџа и директорот на УБК Владимир Атанасовски“.

Младеновски денеска на рочиштето за упадот во Собранието во исказот кажуваше кој, според него, го организирал, како го организирал упадот во Собранието и што се случувало дента на 27 април 2017 година.