Денес се празнува Свети Прокл, патријарх Цариградски

Ученик на Св. Јован Златоуст. Во 426 година го посветија за епископ Кизички, во 435 година избран е за патријарх Цариградски. Управуваше со Божјата Црква како мудар архиереј. Во негово време се случија два значајни настани. Прво, преносот на моштите на Св. Јован Златоуст од Коман во Цариград, според желбата на царот и патријархот. Во тоа време царуваа Теодосиј Помладиот и сестра му Пулхерија.

Второ, имаше голем земјотрес во Цариград и околината. Многу од најголемите и најубавите зданија попаѓаа од силен трус. Тогаш патријархот со царот и со многубројно свештенство, големци и народ излегоа на литија. И кога на литијата Му се молеа на Бога, се случи едно дете беше чудесно земено високо во воздухот, така што најпосле не можеше да се види со очите. Потоа се врати и се спушти лесно на земјата. Кога го прашаа каде беше, детето одговори дека беше однесено на небото меѓу ангелите и ги слушна како пеат: „Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни помилуј н ѐ !“

Кога го слушнаа ова сите луѓе во литијата почнаа да ја пеат оваа песна и земјотресот веднаш престана. Оттогаш оваа прекрасна песна се вплоти прво во литиите, а потоа во литургијата на Црквата. А детето наскоро се упокои и го погребаа во црквата на Св. Ирина. Свети Прокл послужи како архиереј дваесет години и во 446 година се упокои мирно во Господ