Проверете дали сте зависни од Фејсбук

Скенирањето на мозоците на корисниците на социјалните мрежи покажало дека посетувањето на Фејсбук ги вклучува центрите во мозокот задолжени за чувството на награденост, кое се активира и во случај кога водите љубов, јадете или примате пари.

Научниците утврдиле дека луѓето можат да станат зависни од Фејсбук, како од било која дрога и затоа осмислиле тест со кој можете да утврдите дали сте една од тие личности.

Дури 85 отсто корисници на Фејсбук ја посетуваат таа мрежа секојдневно. Сепак, тоа не значи дека секој од нив е зависник.

Истражувачите од Универзитетот во Берген испитале 423 студенти за да утврдат како ја користат социјалната мрежа.

Поранешното истражување спроведено на Универзитетот во Гетеборг кое опфатило 1.000 студенти, открило дека 85 отсто корисници секојдневно го посетуваат Фејсбук и ја отвораат оваа мрежа, штом седнат пред компјутерот.

Новото истражување требало да ја покаже причината за оваа појава.

Резултатите покажале дека зависноста од Фејсбук е почеста кај младите лица и кај жените.

Исто така, под поголем ризик се и лицата кои се анксиозни или несигурни, бидејќи се премногу срамежливи да разговараат со други луѓе лице во лице.

Организираните, амбициозните и екстровертните личности исто така се корисници на Фејсбук, но не се зависници, смета психологот Сесилија Шоу Андреасен која го предводела истражувањето.

Таа развила скала на зависност од Фејсбук, за која тврди дека е универзална за сите жители во светот.

Тест: Откријте дали сте зависни од социјалните мрежи

На секое од наведените прашања одговорете со: многу ретко, ретко, понекогаш, често и многу често.

1.Поминувате многу време размислувајќи за Фејсбук.

2.Чувствувате потреба се почесто да ја посетувате оваа социјална мрежа.

3.Го користите Фејсбук за да заборавите на приватните проблеми.

4.Сте се обидувале да го намалите времето поминато на Фејсбук, но безуспешно.

5.Станувате вознемирени доколку од некоја причина немате пристап на Фејсбук.

6.Го користите Фејсбук до таа мера, што тоа се одразува на вашата работа/студии.

Ако сте одговориле со „често“ или „многу често“ на барем четири од овие искази, тогаш сте зависни од Фејсбук.