Спаваш ли мирно, Наташа?

Повеќе од 10 пати над дозволениот максимум е загадувањето вечерва во Битола. И денеска битолчани, како и граѓаните низ многу други македонски општини дишат отров.

Со измерено количество на ПМ10 честички од 527 милиграми на метар кубен, битолчани вечерва ја прашуваат градоначалничката Наташа Петровска „Спаваш ли мирно, Наташа?“.

Јавноста подобро ја запозна битолската градоначалничка на Скопската прес дружба на Петре Шилегов, кога таа ја покажа својата „смешна страна“ и отворено со подбиваше со нејзините сограѓани.

Битно имаат смисла за хумор? Шилегов, Шекеринска, Петроска, Орданоски ни се изнасмеаја на маките

Екстремно високи концентрации на ПМ 10 честички се регистрирани и во неколку други општини.

Во Струмица се измерени 385 милиграми на метар кубен, додека во Кавадарци 329 милиграми на метар кубен.

Мерната станица кај Ректоратот во Скопје покажува 319 милиграми на метар кубен, 279 во Карпош, а 256 милиграми на метар кубен во Гостивар.

Повеќе детали можете да добиете ТУКА.

izvor /republika.mk