Шаторите на „Македонија блокира“ и вечерва пред Собранието

Група граѓани од „Македонија блокира“ вечерва се вратија кај шаторите со кои ја блокираат улицата пред Собранието, протестирајќи поради процесот на уставни измени, кој се одвива во парламентарната зграда. Тие седат околу шаторите или се греат на оган во Жена-парк. Шаторите беа поставени во саботата, а членовите рекоа дека таму ќе останеле до Нова година.