18-годишен руски фудбалер пронајден мртов во Москва

Фудбалерот на Локомотив Москва, 18-годишниот Алексеј Ломакин, е пронајден мртов на една улица во Москва. Тој пред три дена исчезнал од својот дом, а беше пронајден без знаци на јужниот дел од главниот руски град. На него не биле најдени траги на насилство.

По лоцирањето на телефонот бил пронајден Ломакин. Непосредно пред смртта се возел со такси со еден другар, кој потврдил дека претходно консумирале алкохол. Ломакин бил дете на Локомотив Москва и оваа сезона играл три натпревари во младинското првенство.