Одрон на Регионален пат Мушов гроб –с. Мајдан на место викано Топлик

Одрон на Регионален пат Мушов гроб –с. Мајдан на место викано Топлик. Патот е целосно блокиран и отсечено е с. Мајдан. Известени се ЈП Македонски шуми – подружница „БОР “ Кавадарци, а од нивна страна испратена е градежна машина и трактор за расчистување на одронот. Известени се и: Македонија Пат секција Неготино, ЕЛС Кавадарци и ДЗС ПО Кавадарци.- известуваат од ЦУК

фото илустрација