Препораки до граѓаните на МЖСПП поради загадениот воздух

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух, Ве информираме дека прагот на информирање за PM10 (надминување на вредноста од 100 g/m3 во текот на два последователни денови) дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) е надминат на мерните места Скопје – Бутел, Центар, Карпош и Ректорат, Кичево, Куманово, Миладиновци, Струмица, Битола 1, Тетово и Кавадарци.

Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на информирање до Институт за јавно здравје, Државниот инспекторат за животна средина, Град Скопје и единиците за локална самоуправа каде има епизода на алармантно загадување на воздухот со надминување на прагот на информирање.
Министерството за животна средина и просторно планирање во координација со Интерсекторската работна група за воздух во случај на надминување на прагот на информирање за РМ10 ги дава следниве препораки:
• Да се користи јавниот превоз
• Возила да не се користат без поголема потреба
• Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време
• Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал
o Правилно да се користат печките за дрва

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ ги даваат следните препораки:
Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

соопштение