25 милиони евра завршуваат кај шумската мафија

Ове се слики од пред два дена од локалитетот Света Недела во Штип. Опустошена ботрова шума која се подигала со децении, безмилосно се уништува, пред очите на сите. Штип го губи и оној мал зелен појас што го има, а дрвокрадците се полнат со пари.
Фрапантни 25 милиони евра завршуваат кај шумската мафија. Ова е сумата која се добива кога на куп ќе се стави целокупната дрвна маса што бесправно се сече на целата територија на држават:
(изјава Кирил Сотировски, декан на Шумарски факултет – Скопје)
Според Македонски шуми, патот на дрвокрадците им го отвораат големиот број шумски појаси и малиот број луѓе кои се грижат за нивна заштита.
На ниво на држава, има 329 шумски региони и само 255 шумочувари.
Бесправната и неконтролирана сеча на шумите е проблем со две големи последици – еколошка и економска:
На територијата на Македонија има околу 850.000 ХА шумски површини , што претставува 40 % од вкупната територија. Според експертите квалитетот на дрвата е лош и дури 70 % од нив се во категоријата на т.н. деградирана шума, односно дрвна маса која може да користи само за огрев.- јавува Тв стар