Променливо облачно и ветровито време

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ветровито со умерен до засилен ветер од северен правец. Ветерот ќе биде најизразен вдолж Повардарието, како и на планините. Во текот на денот дневната температура нема многу да расте, а на места и ќе опаѓа. Попладне облачноста ќе се намали.

Температурата ќе се движи од 5 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер. Облачноста ќе има тенденција на намалување. Температура ќе достигне до 10 Целзиусови степени.

Од утре до сабота претпладне времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат негативни, а најстудено ќе биде во петок наутро. Во сабота кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, особено на запад, кои во недела и понеделник на повисоките места и на планините ќе бидат од снег.