66 годишна битолчанка, пронајдена во хотел мртва

66 годишна битолчанка била пронајдена во хотел мртва

Имено на ден 04.12.2018 година околу 07.30 часот во хотел на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола била пронајдена почината битолчанка на возраст од  66 години.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола. По Наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција, соопштува СВР , Битола