Денес протест пред општина Битола во 16 часот! Битола мора да биде заштитена од загадувањето !!!Битола сака да диши!

Советот на Општина Битола денес едногласно го прифати предлогот на независната советничка група Поинаку да побара од Владата на првата следна седница битолчани да добијат субвенционирана цена на струјата поради загадувањето што го трпат од РЕК.
„Ова го бараме зашто во наша близина е еден од најголемите загадувачи РЕК Битола, кој обезбедува 75 проценти од струјата во Македонија. Бројот на заболени од малигни неоплазми или лошото, како што се нарекува, е во постојан пораст во Битола. До моментот на гасификација, ако ја дочекаме живи, Битола мора да биде заштитена од загадувањето зашто врз него влијае и начинот на загревање на домовите и јавните институции”, рече Иван Чулакоски, советник од Поинаку.
Иако сите советници едногласно го изгласаа предлогот, Чулаковски од говорница ги повика битолчани утре во 16 часот на протест пред Општина Битола.