Ова е хит! Полицијата и бегалец се допишувале на Фејсбук и целиот свет плаче од смеа

Полицијата од Ричланд во САД, на својот профил на Фејсбук објавила дека трага по извесен Ентони Ејкерс, поради тоа што одбил да “послуша службена наредба”. Ејкерс им одговорил во коментарите, а преписката која уследила станала апсолутен хит.

Под нивниот пост дека трагаат по него, Ејкерс напишал:

“Смирете се, сам ќе дојдам”.

Одлични вести за секој полицаец кој трага по криминалец, зарем не?

Секако, Ејкерс не им ги олеснил многу работите на полициските службеници, а тоа што уследило е преписка која може да се најде во некоја смешна комедија.

Откако ветил дека ќе се предаде, 38-годишниот Ејкерс играл на картата “пушти ги да чекаат”, па полициските службеници продолжиле да гледаат во вратата чекајќи го Ејкерс да дојде и да им тропне. Но, бидејќи не доаѓал, полицијата му одговорила на коментарот:

“Еј, Ентони! Уште не сме Ве виделе. Ние работиме од 8 до 17 часот, од понеделник. Секако, ако Ви е потребен превоз, само јавете ни и ќе Ве собереме”.

Ејкерс потоа напишал:

“Ви благодарам, завршувам некои работи, бидејќи веројатно ќе останам тука еден месец. Би требало да дојдам во наредните 48 часа”.

По неколку дена, корисниците на Фејсбук повеќе не можеле да чекаат, па прашале дали криминалецот се појавил, а полицијата напишала дека не.

Секако, Ејкерс повторно брзо им одговорил:

“Драги полицајци, не е до вас, до мене е. Очигледно имам проблеми со почитување на наредби. Се извинувам за се што ви направив, но дозволете ми да ви надоместам. Ќе дојдам утре, пред ручек, знам дека немате причина да ми верувате по тоа што го направив, но ви ветувам, ако не дојдам утре, ќе ве поканам да дојдете вие да ми помогнете да научам да почитувам наредби. Ви благодарам што трпеливо ме чекате, знам дека не го заслужувам тоа.

П.С. Прекрасни сте”.

Секако, Ентони, не се појавил ни овој пат. Полицијата потоа повторно му пратила една “љубовна порака”:

А, тогаш, приказната која насмеала илјадници луѓе, добила генијален крај.

Ејкерс дошол во полиција и го објавил последниот пост на Фејсбук, со пораката: “Еве ме, дојдов на состанок душо”.

извор Точка мк