АПЕЛ ЗА ПОМОШ !Во пресрет на големиот празник Св.Никола апелираме да му се помогне на дедо Станоја од Цера

Фотографиите кои ги забележавме на социјалните мрежи не поттикнаа да упатиме апел за помош. Се работи за дедо Станоја од село Цера. Оние што го познаваат рекоа дека дедо Станоја е самец кој нема многу на што да се радува во животот. Она што му треба, е малку поголема грижа, бидејки се наоѓа во тешка материјална состојба и за било каква потреба се снаоѓа како знае и умее. Бидејки не поседува никаква своина, препуштен е на помошта на роднините кои иако му помагаат, сепак не се моќни да му пружат вистинска помош.

За неговиот случај не контактираа загрижени граѓани кои сакаат да му се помогне на овој човек кој има потреба, од било каква помош.

изворdelcevo365.mk

КОЈ МОЖЕ НЕКА СПОДЕЛИ ,ДОЛЖНОСТА ДА СЕ ПОМАГА Е НА СИТЕ НАС ЗАЕДНО! Посебно апел до надлежните во Македонска Каменица да го посетат човекот и да му помогнат