„Македонија блокира“ против уставните измени, денес со тричасовна блокада на улиците

Од здружението информираат дека од 15.30 часот ќе бидат блокирани улиците во центарот на градот, кај зградата на Тифани и Црвен крст, а од 16.30 и улицата Даме Груев и пристапот до Собранието. Сообраќајот ќе биде затворен до 18.00 часот, по што протестот продолжува во Жена парк, спорти, законодавниот дом.

Оттаму бараат разбирање до граѓаните и како што велат дека оваа не го прават за личен или партиски интерес, туку за одбрана на името и идентитетот на македонскиот народ.

Главното барање на „Македонија блокира“ е распуштање на Собранието и распишување на нови избори. Демонстрантите јавно го повикаа и премиерот Заев на јавна дебата организирана од нив на која ќе ги соочат ставовите околу клучните прашања за македонскиот народ.