ОБЈАВЕН ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ШТО МУ ДОЗВОЛУВА НА СЈО ДА ГО ГОНИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

Министерството за правда го објави нацртот на предлог-законот за Специјално јавно обвинителство во кој промени во однос на надлежностите за кривичните дела кои можат да бидат предмет на оваа институција во однос на актуелното законско решение. Досега, Специјалниот јавен обвинител беше овластен и надлежен да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите извршени во периодот меѓу 2008 и 2015 година.

Со предложеното решение се предвидува СЈО да може да истражува и гони кривични дела извршени од Претседателот на Македонија , поставените амбасадори и други претставници во странство и именувани лица од Претседателот… (целиот напис прочитајте го овде)