Започна акција за помош на дедо Стоимен од с.Цера!

Откако на социјалните мрежи се појавија фотографии во кои се гледаат тешките услови за живот на 60 годишниот Стоимен Стоилов од село Цера, започна акција за негова помош.

Телефонскиот број  071-737-465 во наредните денови ќе биде достапен за хуманите граѓани кои ќе може да се информираат на кој начин можат да му помогнат на Стоимен Стоилов, кој во село Цера е познат како дедо Станоја.

Она што најмногу му е потребно на овој човек е , шпорет на дрва, огрев, храна и ќебиња.

Да се надеваме дека хуманоста ќе допре до сите нас и многу бргу дедо Стоимен или Станоја како што го знаат во Цера ќе ја добие потребната помош!

Контакт телефон за помош: 071-737-465

izvor Delcevo365.mk

Започна акција за помош на дедо Стоимен од с.Цера!