Меси купи приватен авион

Авионот е од моделот „Gulfstream V“ и со него Меси има намера да лета заедно со семејството на релација Шпанија – Аргентина – Шпанија.

Авионот има капацитет за 16 лица. Располага со две бањи и две кујни. На опашката е испишан бројот 10 – бројот со кој настапува ѕвездата на Барселона.

Меси, исто така побарал имињата на членовите на неговото семејство да бидат напишани на скалилата на авионот.

Во моментов, авионот се наоѓа на аеродромот во Буенос Аирес.

Од листата на светски фудбалски ѕвезди, најскап приватен авион има Кристијано Роналдо.

Ѕвездата на Јувентус има авион Gulfstream G650 што чини 32 милиони евра и може да превезува 18 лица.