Загрижени граѓани:Молиме да се превземе нешто во Битола се паркира на зелени површини, тревата се уништи!

Загрижени граѓани се обратија до новост, велат дека се уништува зеленилото ,  кај улицата Иван Милутиновиќ односно на ул Филип II Македонски, надолу меѓу зградите имаше убава трева,а сега е како авто пазари, се уништи тревата/ Загрижените граѓани додаваат дека не можат да отворат прозорец, молиме да се превземе нешто да не се паркира на зелена површина- апелираат граѓани на Битола.

Ви благодариме и среќни празници – стои во дописот на загрижени граѓани испратен до новост.мк

Места на кои е строго забрането возачот  да запре или паркира се следните:

1. на обележан пешачки премин и на одделеченост помала од пет метри од тој премин, како и на премин на велосипедска патека преку коловозот;

2. на премин на патот преку железничка или трамвајска пруга во исто ниво;

3. на железнички или трамвајски пруги во близината на тие пруги, ако со 45 тоа се спречува сообраќајот на возилата што се движат по шини;

4. на крстосница и на оддалеченост помала од пет метри од најблискиот раб на напречниот коловоз;

5. во тунели, на мостови, во подвозници и на надвозници, како и на делови на патот под мостови и надвозници;

6. на дел од јавен пат во близина на врв од преслап и во кривина, каде што прегледноста на патот е недоволна и каде што обиколување на возилото не би можело да се изврши без опасност;

7.  на дел од јавен пат, каде ширината на слободниот премин од запреното или паркираното возило до полната надолжна линија на коловозот или до спротивниот раб на коловозот или до некоја пречка на патот би била помала од три метри;

8.  на место на кое возилото би го засолнувало поставениот сообраќаен знак или уредот за давање светлосни сообраќајни знаци;

9.  на велосипедска патека, односно лента;

10.  на тротоар, односно пешачка патека, ако тоа не е изречно регулирано со сообраќаен знак. Ако е дозволено паркирање односно запирање, задолжително треба да се остави најмалку 1,6 метри ширина на површината за движење на пешаци, со тоа што таа површина не може да биде покрај работ на коловозот;

11.  на дел од коловозот, кој како стојалиште за возила на јавниот сообраќај е обележан со ознаки на коловозот;

12. на дел од јавен пат пред премин на пат преку железничка или трамвајска пруга во исто ниво и тоа на оддалеченост помала од 15 метри од тие премини;

13.  на оддалеченост помала од 15 метри пред и зад знакот со кој е обележано стојалиште за возилата за јавен сообраќај;

14. пред влез во објект, двор или гаража;

15. на хортикултурно уредени зелени површини, градски зеленила и паркови;

16. над приклучок на водоводната мрежа или влез во канализација или друга мрежа на комуналните претпријатија;

17. на места предвидени за движење и паркирање на лица со посебни потреби и

18. на место каде паркираното возило би го оневозможило пристапот на друго возило, заради паркирање или излегување на веќе паркирано возило.

Глоби

Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот односно сопственикот на возилото кој постапува спротивно на точка 16.

Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност, ќе му се изрече на возачот односно сопственикот на возилото кој постапува спротивно на точките од 1 до 6 и точка 17 , додека глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност, ќе му се изрече на возачот односно сопственикот на возилото кој постапува спротивно на точките 7, 8, 11 и 12.

Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот односно сопственикот на возилото кој постапува спротивно на точките 9, 10, 13, 14, 15 и 18.

Глобата за ваквиот тип на прекршок ја издава униформиран полициски службеник. Kога униформираниот полициски службеник утврди дека е сторен прекршок на сторителот ќе му предложи да го плати предвидениот износ на глобата. Униформираниот полициски службеник пополнува покана за наплата на глоба и записник за сторен сообраќаен прекршок, при што вторите примероци му ги врачува на сторителот на прекршокот.

Ако сторителот на прекршокот ја плати предвидената глоба во рок од осум дена од денот на врачувањето на поканата за наплата на глоба, должен е веднаш со поканата за наплата на глоба да приложи банкарска или поштенска уплатница за извршена уплата на соодветна уплатна сметка во рамките на Трезорската сметка, во полициска станица или полициско одделение за безбедност на патен сообраќај според местото на живеење.

Ако сторителот на прекршокот не ја плати доброволно предвидената глоба во законски предвидениот рок, униформираниот полициски службеник ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред Комисија за одлучување по прекршоци формирана во Министерството за внатрешни работи.