Една работна задача за домаќинките! Во вашиот дом каква е традицијата за одбележување на Бадник а каква за Василица?Пишете ни

Домакинќите и нивните вредни раце секоја година традиционално вредно подготвуваат  убави трпези со многу традиција за претстојните празници. Па драги дами , вредни домаќинки, ве покануваме да ни пишете на нашата фан страница novost.bt  каква е традицијата во вашиот дом за прослава на Бадник а каква за Василица, што всушност подготвувате, како подготвувате и зошто,а ние вашите празнични подготовки ќе ги објавиме

Еве едно верување , традиција за Бадник

Бадник се прославува ден пред Божик и претставува последен и најстрог ден на божикниот пост, како и голема среќа, бидејќи претходи на денот на Исусовото раѓање. Еве какви се обичаите на Бадник . Бадник Бадник името го добил по гранка од даб – бадник која се сече на тој ден, се внесува дома и се пали. Постојат разни обичаи кои се поврзуваат за овој ден, малку од нив се одржале до денес. Можеби во некои зафрлени делови на Србија, домаќините се уште во рана зора и со пушки одат да сечат бадник, кој потоа до вечерта го чуваат покрај куќата, пред да го внесат и стават на огништето. Денес обичаите се прилагодени на времето во кое живееме, па бадникот најчесто се купува на пазар навечер или на самото утро на Божик, се носи дома и се става покрај икона. Трпезата на Бадник е исклучиво посна и најчесто се подготвуваат риба, подварок или грав, со салата од зелка или компир. Во некои краеви на Србија, за ручек се пие и чаша црно вино со семе од дрен, за среќа и радост во текот на цела година. Средината на масата, традиционално се украсува со плетена кошница полна со житарици и сушено овошје. Обичајот за сечењето на бадното лепче се поврзува со витлеемските пастири. Тие, на знакот на Ѕвездата дека се родил Исус Христос Спасителот, насекле гранки од бадник и ги однеле во пештерата да запалат оган и да го стоплат бебето Исус и неговата мајка.

Вечерта на Бадник Вечерта на Бадник, домаќинот на куќата со синовите ги внесува бадникот, сламата и печеницата. Сламата се посипува низ цела куќа, а посебно таму каде што се служи вечера. Бадникот се поставува на огништето и се пали, потоа се пали и свеќа и домашните едни на други си го честитаат празникот, читаат молитва, а потоа се почнува со вечерата која е посна и се ужива во семејниот мир. Се верува дека на овој ден или оваа вечер треба да се врати се што е позајмено и да се смириме со сите со кои сме се расправале, за целата наредна година да помине во мир и слога. Во градовите обичајот е изменет, па така не е необично да се видат многу луѓе собрани крај црквените порти како заеднички палат бадник, се веселат и пеат православни песни.

За Василица пак постои и оваа традиција земена како пример

Со сукан мазник со паричка и со познатите битолски бабари жителите на градот под Пелистер го одбележуваат доаѓањето на т.н. православна Нова година, како и празникот Св. Василиј Велики, познат меѓу народот како Василица. На 14 јануари, за ручек, мазник со паричка се врти во сите православни куќи. Се јадат домашни колбаси, се игра комар и се пеат староградски песни до рано изутрина.

Дали вие си месите дома, или купувате, што практикувате, за празниците , мазник, погача,или пита во која ќе има паричка?

Вашите искуства пишете ни ги ТУКА