МВР СО НОВИ ДОКАЗИ ДЕКА ГРУЕВСКИ Е КИДНАПИРАН: Ќе го ослободиме велат тие

Нов ден, нова слика од киднапираниот Груевски. Повторно тој е забележан во Будимпешта како е мачен и присилуван да прави работи против негова волја.

„На сликата јасно се гледа дека пред Груевски има скоро празна чаша вино, а сите знаеме дека тој водеше жестока борба против алкохолот со ограничување на неговото купување. Ова е уште еден доказ дека е киднапира, а киднаперите го тераат и да пие вино“ вели Оливер Спасовски.

Киднапираниот Груевски е присилуван да јаде и во скапи ресторани

Министерот вели дека тој е и принудуван да јаде во скапи ресторани, нешто што не му е својствено, па затоа МВР спрема акција за негово ослободување од заложништво.

извор Ф.н

МВР СО НОВИ ДОКАЗИ ДЕКА ГРУЕВСКИ Е КИДНАПИРАН: Ќе го ослободиме велат тие