НИШТО НЕМА ПОСИЛНО ОД МОЛИТВАТА НА ЕДНА МАЈКА

Мајчината молитва избавува од секое зло, Молитвата изговорена од устата на една мајка никогаш нема да е празна ниту изговорена онака, туку преку молитвата мајката ја искажува безусловната љубов кон чедото

Отецот Павле, инаку монах раскажа настан кој му се случил.

На улица на отецот Павле му пришла жена непозната и го замолила да го исповеда нејзиниот син и да дојде кај нив. Но тој ден отецот многу се брзал  и не успеал да оди а и ја изумил адресата која му ја кажала жената. Следното утро, жената повторно го сретнала но била многу загрижена. Го замолила повторно одма да оди кај нејзиниот син, не стигнал да ја запраша ни зошто не оди и таа заедно , заминал веднаш и заѕвонил на ѕвончето. Отворил млад човек со премногу запуштен изглед и одма било јасно дека е пијан. Тој кон отецот погледнал дрско  но монахот Павле го поздравил велејќи -Вашата мајка ме замоли да дојдам кај вас.

Младиот човек тогаш извикал дека тоа е лага мајка му  умрела пред пет години. На ѕидот стоеше нејзина фотографија а монахот покажал кон фотографијата и додал дека таа жена го замолила. Тогаш младиот човек рекол дека веројатно и отецот доаѓа од оној свет. Не, рекол отецот, јас сум од овој свет а тебе што ќе ти речам тоа и да го направиш, сабајле те чекам да дојдеш во црквата,- мирно и тивко рекол монахот

А ако не дојдам ?- прашал младичот.

Дојди, мајка ти така се моли, грев е да не ја послушаш – рекол мудриот отец.

Другиот ден младичот отишол во црквата и се исповедал, плачел и велел дека си ја истерал мајката од дома, живеела по туѓи куќи а набргу и починала. Тој дознал дека починала но на погреб не отишол.

Таа вечер отецот Павле повторно ја видел жената, таа била многу радосна, се заблагодарила затоа што гревот на нејзиниот син е исповедан и простен.

На мајката и е дадена силна молитва за своите деца затоа и било допуштено и на оваа мајка да може да замоли свештеник . Таа мајка го сакала својот син иако бил пијаница иако ја избркал од дома. Таа никогаш не се лутела и не се жалела.  Таа го подигна од грешното дно и тоа само поради нејзината силна љубов и чиста молитва

Снежана.А