Одлични резултати!Кошаркарите на Хераклеа на првата позиција!

Со  осмата победа на гостувањето во Неготино против Екипата на КК Спорт Тим , кошаркарите на Хераклеа од Битола се искачија на првото место во Втората македонска кошаркарска лига – запад

Во натпреварот против Спорт Тим од 54:74, екипата доминираше  во текот на целиот натпревар .Тимот освен во првата четвртина каде што домашните поведоа  со 7 кошеви разлика(20 :13) во преостанатите три четвртини екипата на Хераклеа доминираше на теренот и оствари победа со 20 кошеви разлика. Седма победа по ред а само 2 порази се резултатите кои екипата на КК Хераклеја ја искачија на првата позиција.

Најзаслужен за ова постигнување  во Неготино е играчот битолчанецот Борче Митревски кој постигна 32 поени, Ѓорги Анакиевски забележа 16 а Стефан Мицевски 8 поени.

Според овие резултати можно е клубот да биде втор клуб од Битола , кој во наредната сезона ќе се натпреварува во Првата македонска кошаркарска лига.

Тренерот управата и играчите апелираат до општина Битола и правните субјекти во градот, во рамките на нивните можности да го поддржат финансиски клубот