УЈП ДВА ДЕНА БАРА ПО СМЕТКИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ: Не најдовме ништо

Според најновите извештаи од Управата за јавни приходи  после два дена откако добија надлежност да ги проверуваат сметките на граѓаните  уште немаат пронајдено ништо.

 

„Се сомневавме дека се работи за грешка во системот, но откако го проверивме констатиравме дека тој работи совршено. Мора да е нешто до граѓаните што не чуваат пари на сметка“ велат од УЈП.

Потрагата по граѓанин со пари на сметка продолжува, а УЈП нуди и награда од 100 евра за тој кој ќе пријави дека знае граѓанин со пари на сметка.

извор ф.н

УЈП ДВА ДЕНА БАРА ПО СМЕТКИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ: Не најдовме ништо