Бадникова поворка низ улиците на Богданци

Почитувани христијани !

По повод големиот христијански празник Рождество Христово (Божиќ) храмот „ Св.Атанасиј Велики втора година по ред организира Бадникова поворка која ќе се одржи низ улиците на Богданци на ден 06 јануари(БАДНИК).

За таа цел , ги покануваме сите заинтересирани деца, родители,баби,дедовци од сите возрасти кои сакаат да бидат дел од истата да се пријават во храмот, каде што веќе започнаа подготовките за оваа заедничка Бадникова поворка и одржување на првата проба каде ќе ја научиме песната Вечниот Бог.- известуваат од Гевгелиската Парохија , Богданци