Божиќната ѕвезда и сиромашните дечиња кои немале пари да купат подарок за Исус

Нејзиното име потсетува на еден од симболите на празникот, односно ѕвездата која во светата ноќ им го покажа патот на тројцата кралеви до новородениот Исус. Божиќната ѕвезда е лесно да ја забележите поради нејзините црвени листови. Освен што е симбол на Божиќ, таа е и убав украс за домот. Постојат и легенди зошто е овој цвет толку убав. Според едната, две сиромашни дечиња, Марија и Пабло, немале пари да му купат подарок на малечкиот Исус. Затоа на Баник на патот кон црквата набрале букет полско цвеќе со зелени листови. Легендата вели дека зелените листови се претвориле во блескави црвени латици штом ги ставиле околу јаслите во кои е роденден Исус Христос. Божиќната ѕвезда е еден од најубавите подароци за време на празниците.

БОЖИЌНА ЅВЕЗДА – ПРИРОДНО БОЖИЌНО ЦВЕЌЕ

Божиќната ѕвезда е толератно цвеќе во однос на температурата, која е иделна во интервал од 12 до 23 степени. Но, запомнете дека треба да се чува подалеку од директен извор на топлина, како грејни тела, радијатори или слично.

Најдобро е да ја чувате во просторија каде е воздухот влажен. Ако ја чувате во просторија каде што има централно греење и воздухот е сув, оросувајте ги листовите со вода. Ова цвеќе исто така сака влага и во коренот, но не дозволувајте земјата да е постојано мокра, туку само влажна. Ова најдобро се проверува ако со прстите ја допрете земјата. За побрзо да напредува можете да го дохранувате еднаш месечно со соодветно ѓубриво. Чистење на листовите не е потребно;

Божиќното цвеќе убаво напредува во било која просторија со природна светлина на позиција која може да вклучува и сончеви зраци кои се филтрираат преку ролетната или завесата на прозорецот.

На пролет, одрежете ги врвовите со цветовите, и ставете ја на балкон или закопајте ја заедно со саксијата во градината, каде ќе расте до доцна есен.

С.А