Водата во коритото на реката Грашница која тече низ охридската населба Воска и тука се влева во Охридско Езеро попладнево е со лилава боја.

Водата повеќе наликува на мастило од колку на вода, а дали станува збор за некакви испуштени супстанци во водата кои ја промениле бојата или се работи за некоја друга појава не сме во можност да прецизираме бидејќи од „Заводот за јавно здравје“ немале информации за појавата и се очекува веднаш да излезат на терен за да прибават мостри од водата.