Никогаш не навредувајте нечија мајка или татко. Му го дале животот! Не смеат да се навредуваат!

Сите деца можат да бидат среќни затоа што постигнувањето на полнотата и среќата на животот зависи од вистинската благодарност кон оние кои нѐ донеле на свет.

За среќен живот потребно е да се почитуваат родителите,  четвртата Божја заповед е: „Почитувајќи ги татко ти и мајка ти,“ која е поврзана со ветувањето дека ќе имаме долг и среќен живот. Имено со Исус раните од детството можат да станат можност, како што тоа се случило со многу светци.

Потребно е да ги почитуваме родителите затоа што ни го дале животот . Дали сте се одалечиле од своите родители, потрудете се да им се вратите, можеби се стари… Ви го дале животот. Меѓу нас постои навиката да кажуваме лоши работи и зборови.  Никогаш не ги навредувајте родителите на другите. Никогаш! Не смее никогаш да се навредуваат татко и мајка! Никогаш! Донесете ја во себе таа одлука. Од сега па понатаму никогаш нема да навредувам нечија мајка или татко. Му го дале животот! Не смеат да се навредуваат.

Точно е дека лузните од детството го одбележуваат целиот живот, тие се како „неизбришливо мастило“ кое се изразува во вкусот и однесувањето но четвртата Божја заповед не бара родителите да бидат совршени затоа што ветувањето за среќа е поврзано со однесувањето на децата без оглед на тоа какви се тие кои нѐ родиле – Иако сите родители не се добри и сите детства не се мирни, сите деца можат да бидат среќни, затоа што постигнувањето на полнотата и среќата на животот зависи од вистинската благодарност на оние кои нѐ донеле на светот.

Многу светци после тешкото детство живееле живот исполнет со светло затоа што благодарение на Исус Христос се помириле со својот живот – блажен Суплициј , умира многу млад, се помирил со многу страдања, и никогаш не се откажал од своите родители; свети Камило де Лелис после неуредното детство изградил живот на љубов и служење; света Џузепина Бакхита растела во страшно ропство; блажен Карло Гночи сирак и сиромав, и свети папа Иван Павле II. кој ја загубил мајката во детството.