ФИВБ: Одбојката на снег да биде првиот спорт на двете Олимпијади

Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ) сака одбојката на снег да биде првиот спорт застапен и на Зимските и на Летните олимписки игри.

Овој спорт официјално е регистриран кон крајот на 2016 година. Првите официјални натпревари се одиграни во Русија 2017 година каде од 20. до 22. декември се  одржa Европското првенство.

Се очекува во Москва да се појават 16 тимови во машка и исто толку во женска конкуренција.

Според новите правила кои важат од оваа сезона, во одбојка на снег тимот мора да има најмалку тројца играчи, дозволено е едно резервно место.

Натпревари ќе се играат во три сета до 15 поени.