Го нападнале во Градскиот парк во Битола и го ограбиле

На 14.12.2018 година во 22,40 часот В.А.(57) од Битола пријавил дека околу 19,30 часот додека бил на работно место – чувар во фирма движејќи се кон ресторан лоциран во Градскиот парк во Битола, бил физички нападнат од неколку лица при што му одзеле мобилен телефон, пари и клуч. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Битола.