Денес Аднан Џафероски беше во обиколка на ДЗС во Битола,во Обучниот центар кој со години е руиниран

Денес, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-н Аднан Џафероски, беше во обиколка на инфрастуктурните објекти на ДЗС во Битола, поточно во Обучниот центар, кој со години е руиниран, запуштен и нефункционален.


Планот на првиот човек на ДЗС, е следната 2019 година токму тој објект да прерасне во Модерен Регионален Обучен Центар, каде силите на ДЗС, волонтерските, спасувачкитеи пожарникарските друштва, ќе можат да вршат обука и тренинзи.