Млад битолчанец кој беше патник во автобусот кој се преврте , изјави дека патувале млади луѓе кои работеле во Виена

Млад битолчанец кој беше еден од патниците во струшкиот автобус кој се преврте на автопатот во Србија, во изјава за медиумите истакна дека во автобусот главно биле млади луѓе кои патувале на работа во Виена.

Тој, исто така раскажа дека никој не знае како дошло до несреќата, бидејќи речиси сите патници спиеле.

Не се знае кој прв известил за трагедијата, но медицинска екипа пристигнала набрзо на местото на несреќата и почнале да пружаат помош на повредените патници во автобусот.

Маж и две жени се тројцата загинати во тешката сообраќајна несреќа што се случи ноќеска околу 1.40 часот, кога на влезот во Лесковац, Србија се преврте македонски автобус.

ФОТО: РТС