Новинарска невидена брука

Marjan Nikolovski

Брука… невидена брука од прв до последен сме…

Stole Naumov или модерно како е денеска, Стојанче… беше сосема во право во негоиот легендарен говор на изборното собрание на ЗНМ, со кој патем успеа да „украде“ најмалку педесетина гласа од подготвениот инжинеринг на противникот, и на тој начин без ниту еден ден кампања, без ниту една минута притисоци врз некого, да го направи ова изборно Собрание на ЗНМ неизвесно до последна секунда, за да некои на крај, така силно воздивнат, како да се нашле на излезот од безилезниот лавиринтот…

А, Столе рече една проста вистина… За никаде сме… За никаде… и ете пет часа подоцна сосема јасно е дека сме за никаде…

За никаде сме, затоа што ние сме елементарни незнајковци… До тој степен сме оптеретени со себе, што ние не знаме ниту каде се наоѓаме… Толку полни со самодоверба, а толку површни во суштината, што е просто страшно и да се помисли…

Новинарите, кои нели треба јавноста да ја штитата од политичката злупотреба на демократијата, не знаат да ја испочитуваат ниту сопствената правна процедура… Или, можеби патот е како што рече, се уште актуелниот Претседател, да ја скратиме и упростиме процедурата…

Процедурата е основата и темел на демократијата, а таа е многу јасна во случајот со вчерашното изборно Собрание на ЗНМ… Таму не е избран претседател и точка…
Но, наместо верификационата и изборната комисија, да признаат грешка, сега толкуваат… Џабе толкување, вистината е дека членовите на тие две комисии не ги ниту порчитале Статутот и правилникот за избор на претседател и работа на Собранието на ЗНМ, затоа што ако ги прочитале ќе знаеле дека „Претседател се бура со мнозинство гласови од присутните членови ( не од оние што гласале, туку од присутините)… Правилкинот предвидел дека ако не се избере Претседател со мнозинство од присутините се оди на втор круг, каде јасно пишува „избран е оној кој добил најмногу гласови“…

Многу е просто, но ете ние покажавме на кое дно сме… и после оваа, онаа власт, овој, оној не глазел… абе добро е што се уште има какви такви, што вели Столе – мохиканци во оваа, одмана згазена професија…
Честитки Столе за потегот да напраавиш идеја за наше обединување… Јас во ЗНМ се вратив за тебе, како што во 2010 се зачленив со идеја дека тоа што сакаш сега ти да бидеш, требаше да биде Насер Селмани…

Фотографија на Dragan Sjekloca.